На маргините на Самитот, претпладнево во Хаг ќе се одржи Јавен форум на НАТО, заеднички организиран од Алијансата и холандската Влада во соработка со Атлантската комисија, Институтот „Клингендал“ и Хашкиот центар за стратешки студии, чија цел е да промовира подобро разбирање на политиките и целите на Пактот и на одлуките што се очекува да бидат донесени на средбата на врвот.
На Форумот е најавено учество на шефови на држави или влади, министри, меѓународни експерти за безбедност, научници, новинари и млади луѓе, кои ќе дебатираат на серија панел дискусии и интерактивни сесии на различни теми од агендата на Самитот на НАТО. 24info
Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Puls24
И ние сме посветени на одбрана на секој сантиметар од територијата на сојузниците, доколку некој потенцијален противник направи грешка да нападне кој било сојузник, порача Руте.
Планот, меѓу останатото, предвидува петкратно зголемување на капацитетите на противвоздушната одбрана, зголемување на бројот на тенкови и оклопни возила, поголемо производство на куршуми и артилериска муниција, подобрена мобилност на силите на терен и зајакнување на соработката со партнерите, пред се со Украина, ЕУ и партнерските земји од Индо-пацифичкиот регион. Racin
Самитот официјално почнува вечерва со вечера што за шефовите на држави или влади на членките на НАТО ќе ја организираат холандскиот крал Вилем-Александер и кралицата Максима.
Во, исто време, ќе се одважат и заседанија на Советот НАТО-Украина на ниво на шефови на дипломатии во форма на работа вечера, под претседателство на заменичката генерална секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска и на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, исто така во форма на работа вечера, со кој ќе претседава Брекелманс. Sitel
„Постои целосна посветеност од претседателот на САД (Доналд Трамп) и високото раководство на САД кон НАТО“, рече Руте пред самитот на НАТО, додавајќи дека таквата поддршка доаѓа со очекување дека европските земји и Канада ќе трошат повеќе за одбрана.
Денес во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, каде што учесниците ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана, зголемување на производството на одбрана и продолжување на помошта за Украина. Lokalno