Присуството на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на самитот на лидерите на НАТО промени сè во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката за Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Republika
Сијарто рече дека враќањето на Трамп на власт сè променило и дека сега секој може слободно да користи зборови како мир, прекин на огнот и мировни преговори, без страв од јавна осуда.
„Со Доналд Трамп, самитот конечно ги имаше НАТО и зајакнувањето на одбранбените капацитети на трансатлантската заедница на дневен ред, наместо нереална поддршка за Украина и нејзиното членство во НАТО“, рече Сијарто. Denesen
Добивај вести на Viber Украинскиот претседател Володимир Зеленски има бројни средби на маргините на дводневниот самит на НАТО, но Советот НАТО-Украина на највисоко ниво нема да се одржи на тој состанок оваа година, за разлика од минатогодишниот самит во Вашингтон, бидејќи САД беа против тоа. Faktor