Американски претседател Доналд Трамп на денешната прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори. Denesen
Американската телевизија Фокс њуз објави дека Трамп ќе свика состанок на Советот за национална безбедност.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека раното заминување на Трамп од самитот на Г7 во Канада е позитивен знак, со оглед на тоа што непосредната цел е да се натераат Израел и Иран да се согласат на прекин на огнот. Kanal5
Нацрт-документот повикува на заштита на цивилите од двете страни, бара промоција на мирот, но и континуирано следење на иранските активности.
Денешната средба на лидерите на Г7 во Канада е во сенка на тензиите на Блиски Исток и загриженоста за потезите на Трамп. Plusinfo
Белата куќа во понеделник објави дека Трамп ќе го скрати своето патување во Канада за да се врати во Вашингтон поради конфликтот на Израел со Иран.
За време на традиционалното фотографирање на лидерите на Г7, Трамп рече: „Морам да се вратам што е можно поскоро“. Pari
Во претходните месеци, Трамп наметна царини за канадски производи и во неколку наврати предложи Канада да стане дел од САД, предизвикувајќи сериозен гнев кај канадската јавност.
Карни за време на посетата на Вашингтон во мај рече дека „Канада е суверена и не е на продажба“. Vecer
Домаќин на настанот е новиот канадски премиер Марк Карни.
Ова е прва посета на Трамп на Канада во неговиот нов мандат. Tocka