Но, пратеникот и командант на Револуционерната гарда, Есмаил Косари, денес изјави пред Клубот на млади новинари дека тоа е на дневен ред и дека „ќе се направи секогаш кога ќе биде потребно“.„Ќе се браниме со сите средства“Иранскиот министер за надворешни работи денес изјави дека Иран ќе се брани „со сите средства“ по американските напади врз клучните локации на иранската нуклеарна програма.„Исламската Република Иран ќе продолжи да ја брани својата територија, својот суверенитет, својата безбедност и својот народ со сите потребни средства“, изјави Абас Аракчи на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул.,,Мојата земја е нападната, таа е нападната и ние мора да одговориме во самоодбрана.