Сепак, од вкупните 1,717 милијарди евра, по околу 30 милијарди евра годишно ќе треба да се одвојат и за сервисирање на јавниот долг на ЕУ, создаден од позајмиците за финансирање на Фондот за закрепнување на земјите членки од последиците на пандемијата на Ковид-19. Инаку, истовремено со презентацијата на новата повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, за попладнево во Брисел е најавен протест на неколку здруженија на земјоделците, во знак на незадоволство поради плановите за намалување на земјоделските субвенции и за префрлање на надлежноста за распределба на средствата за земјоделски програми на националните власти на земјите членки на ЕУ. Организаторите на протестот најавија дека е предвиден “симболичен марш”, кој ќе започне од пред Европскиот парламент и ќе заврши пред зградата на Европската комисија. Biznisvesti