Владимир Путин планира да го продолжи војувањето во Украина сѐ додека Западот не прифати мировни преговори под руски услови, а неговите територијални барања би можеле дополнително да се прошират доколку руските сили продолжат да напредуваат, тврдат за Reuters три извори блиски до Кремљ.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави во вторник дека како и секогаш Москва е подготвена за преговори но дена истакна дека Русија никогаш нема да прифати никакви уктиматуми од кого и да додаѓаат, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции против купувачите на руски извоз и испраќање во Украина ракети со долг дострел за гаѓање цели длабоко на руска територија.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе дистрибуираат воена опрема вредна милијарди долари во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.