СИ НЕ СЕ ПОЈАВИ Замислен пред две децении како форум за брзорастечки економии, БРИКС почна да се смета за кинеска противтежа на западната моќ.
За прв пат откако стана лидер на Кина во 2012 година, претседателот Си Џинпинг се откажа од учество на самитот на БРИКС. Pari
Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри. Denesen
Лидерите на земјите-членки на БРИКС денес, на самитот што се одржува во Бразил, повикаа на заштита од неовластена употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Ова беше направено за да се избегне прекумерно собирање податоци и да се обезбедат механизми за фер исплата на авторски права, стои нацрт-изјавата што ја виде Ројтерс.
Дел од дискусијата на дводневниот самит на БРИКС, кој започна денес во Рио де Жанеиро, се фокусираше и на вештачката интелигенција и на фактот дека големите технолошки фирми, претежно со седиште во богатите земји, не одговорија на повиците за исплата на авторски права за материјал што се користи за обука на модели на ВИ. Функционерите на БРИКС се согласија да издадат заедничка декларација на крајот од самитот во Рио де Жанеиро, потврдија за Ројтерс неименувани добро информирани извори.Преговарачите, кои се подготвуваа за самит на лидери во текот на изминатата недела, имаа тешкотии да се договорат за војната во Појасот Газа, а немаше договор за конфликтот Иран-Израел и претставникот на Африка за предложената реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации, велат изворите. Vecer