Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми. Nezavisen
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе бидат разбирачки и дека Белград наскоро ќе може да го отвори Третиот кластер.
По разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија, Вучиќ изјави дека е задоволен од средбата и дека на неа се разговарало за дијалогот со Приштина, зачувувањето на регионалниот мир, потребата од реформи во Србија и заминувањето на Вучиќ во руската престолнина. Nezavisen