Украинскиот претседател Володимир Зеленски и пет лидери на ЕУ разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп по неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, надевајќи се дека ќе чујат дека тој се согласил на примирје или дека ако не го стори тоа, САД ќе воведат санкции против Русија, но наместо тоа Трамп ги изненади велејќи дека Путин се согласил на преговори и засега ја исклучил можноста за воведување санкции, соопштија добро информирани извори за „Аксиос“.
Велика Британија и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот разговор во понеделник меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донесе никакви значајни отстапки од Москва.
Разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин е во тек, објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи официјален претставник на Белата куќа.