Рекордно високи казни би можеле да следат по досега најголемата парада на гордоста во Будимпешта, предвиде денеска независниот пратеник Акос Хаџази, еден ден по настанот.
📽️ УНГАРЦИТЕ ЈА ПОДДРЖАА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА Орбан иако ја забрани не прати полиција да ја спречи Премиерот Виктор Орбан предупреди на можни правни последици за учесниците, вклучително и казни до 500 евра и затворски казни до една година за организирање или покана за учество.иако го збрани, не ја испрати полицијата за да спречи слики од насилство. фото: принтскрин Десетици илјади луѓе денес прошетаа низ центарот на Будимпешта, пркосејќи на забраната за Парадата на гордоста, што претставува сериозен чекор назад за правата на ЛГБТ+ заедницата во рамките на Европската Унија.
И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Како што објавија странските медиуми, организаторите очекуваат рекордна посетеност на 30-тото издание на Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај полициската забрана што ја наметна националистичката влада на премиерот Виктор Орбан, пренесе Индекс.