Израелската армија ги проширува своите операции во градот Деир ал-Балах во центарот на Појасот Газа, според изјавата на портпаролот на армијата, кој денеска ги повика жителите да ја напуштат областа во објава на „X“. Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат „интензивно да работат за елиминирање на терористите и демонтирање на терористичката инфраструктура во областа и ги прошируваат своите активности во нови области, се вели во соопштението на армијата.
Израелската армија уби најмалку 67 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во северна Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.