Франција официјално ќе признае палестинска држава во септември, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, што ќе ја направи првата земја од Г7 што ќе го стори тоа, објави Би-Би-Си. Во објава на X, Макрон рече дека формалното соопштение ќе биде објавено на седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави синоќа претседателот Емануел Макрон на X. - Во согласност со нејзината историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив дека Франција ќе ја признае државата Палестина, напиша Макрон.