Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, предупреди дека директната американска воена помош за Израел би можела радикално да ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, каде што воздушната војна меѓу Иран и Израел трае веќе шест дена.Рјабков, според новинската агенција Интерфакс, рече дека Русија ги предупредува САД да не му даваат таква помош на Израел, па дури ни да разгледуваат такви „шпекулативни опции“.„Ова би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, ја цитираше агенцијата неговата изјава.
Москва го предупреди Вашингтон да се воздржи од давање директна воена помош на Израел, па дури и од шпекулативни изјави на оваа тема.