Facebook / Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека целта на Израел е целосно елиминирање на милитантната палестинска група Хамас.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека Израел „се согласил со потребните услови“ за финализирање на прекинот на огнот во Газа, иако не беше веднаш јасно дали Хамас ќе ги прифати условите.
„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.