Многу зборуваме за санкции, рече Трамп за разговорот со Путин, додавајќи дека рускиот претседател „разбира дека тоа може да се случи“.
Трамп додаде дека во петокот имал и „многу стратешки разговор“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во услови на растечка загриженост во Киев за испораките на американската воена помош. Vecer
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на негов политички митинг. Opserver
🎥 ТРАМП СТАВИ ПОТПИС НА „ПРЕКРАСНИОТ ЗАКОН“ За голем дел тој е контроверзен фото: принтскрин Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша контроверзниот закон за даноци и трошоци.
Трамп стави потпис на законот на церемонија на отворено на 4 јули, американски национален празник по повод Денот на независноста. Plusinfo
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата на фронтот, руските воздушни напади, испораката на системи за воздушна одбрана од страна на САД и идниот мировен договор со Русија.
„Му честитав на претседателот Трамп и на целиот американски народ за Денот на независноста. A1on
„Дадовме ветувања, и тие беа дадени ветувања, одржани ветувања, и ги одржавме.
На роденденот на демократијата, имаме триумф и морам да кажам дека луѓето се среќни“, рече Трамп. Lokalno
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека на Украина ќе ѝ требаат ракети „Патриот“ за својата одбрана, откако во петокот разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и изрази разочараност поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на борбите, пренессе „Ројтерс“. Makfax
На прашање за изгледите за прекин на огнот, Трамп изјави: „Тоа е многу тешка ситуација… Бев многу незадоволен од мојот повик со претседателот Путин.
Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе – тоа не е добро.“ Зеленски, во порака на Телеграм, рече дека се согласиле да работат на зголемување на капацитетите на Украина за „одбрана на небото“, како одговор на засилените руски напади. Tocka