Од минатата сабота, кога почна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаја поврзани со висока температура и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo). Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни оваа година, кој според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet), беше оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот „Елмундо“.