Трамп одговори на декларацијата на БРИКС во рок од неколку часа, предупредувајќи на својата платформа Truth Social дека земјите што ќе се приклучат на она што тој го нарече „антиамериканска политика“ ќе се соочат со дополнителни тарифи.
„На секоја земја која ќе се приклучи на антиамериканската политика на БРИКС ќе и биде наплатена дополнителна царина од десет проценти. Libertas
Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, вчера рече дека давачките објавени од Трамп уште во април ќе стапат на сила на 1 август за сите земји кои до тој момент нема да постигнат договор со неговата администрација.
Претседателите на БРИКС вчера и денес учествуваат на Самитот во Рио де Жанеиро, од каде апелираа за измена на светските институции и го претставија сојузот како платформа за дипломатија во период на зголемени трговски судири и геополитички тензии. Alsat
Овој фонд, вреден 125 милијарди евра, е наменет за проекти за зачувување во државите со големи дождовни шуми.
Лула го објави планот во Рио де Жанеиро, на вториот и последен ден од самитот на главните економии во земјите во развој од БРИКС. Biznisvesti
Во декларацијата, исто така, се споменува поддршката на БРИКС за фондот „Тропски шуми засекогаш“, предложен од Бразил, како начин економиите во развој да го финансираат ублажувањето на климатските промени надвор од задолжителните барања наметнати на богатите земји со Парискиот договор.
Во заедничката изјава на лидерите на БРИКС, исто така, се осудуваат политиките за даноците на јаглерод и законите против уништувањето на шумите, кои Европа неодамна ги усвои, за наметнување на она што го нарекоа „дискриминаторски протекционистички мерки“ под изговор на еколошки проблеми. Racin
Лидерите на земјите од БРИКС се согласија да започнат пилот-програма за воведување на заеднички гарантен механизам, со цел зголемување на стратешките инвестиции во членките и поширокиот Глобален Југ, според финалната Декларација од самитот одржан во Рио де Жанеиро.
Според документот, иницијативата ќе биде развиена во текот на 2025 година во рамките на Новата банка за развој (NDB) и ќе се базира на веќе постоечкото меѓународно искуство, а акционерите нема да уплаќаат дополнителен капитал, пренесува РИА Новости.Резултатите ќе бидат презентирани на следниот самит на БРИКС во 2026 година.„Целта на оваа иницијатива е да се понудат индивидуални гарантни инструменти за намалување на ризикот и зголемување на кредитниот рејтинг на клучните инвестиции во земјите од БРИКС и Глобалниот Југ“, се наведува во Декларацијата. Puls24
„БРИКС немаат шанси да го заменат доларот во меѓународната трговија или на кое било друго место“, беше убеден американскиот лидер.
Како одговор на изјавата на Трамп, Кремљ рече дека земјите од БРИКС не разговараат за создавање нова валута и им предложи на експертите „подетално да ја објаснат агендата на БРИКС“ на шефот на Белата куќа. Puls24