Трамп вчера за време на посетата на области во Тексас изјави дека никогаш не видел нешто слично и им се заблагодари на службите за итни случаи и локалните жители за нивниот ангажман.Трамп, кој го посети погоденото подрачје во придружба на првата дама на САД Меланија Трамп, рече дека службите за итни случаи завршиле „неверојатна работа“ и дека тој ги смета за херои и хероини поради тоа, објави Си-Ен-Ен.Зборувајќи во Кервил, Тексас, Трамп рече дека тој и неговата сопруга се сретнале со семејства во поплавените подрачја кои ги загубиле децата.Тој, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите во кампот Мистик. Puls24