Кремљ ја чека „важната изјава“ за Русија што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа е единствениот начин да дознаеме за што станува збор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кремљ отворено ги игнорира повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, бидејќи Владимир Путин верува во способноста на руската војска да го пробие фронтот и конечно да ја смачка Украина, пишува „Њујорк тајмс“.Според два извори блиски до Кремљ, рускиот лидер верува дека предноста на Русија на бојното поле расте и дека украинската одбрана би можела да се сруши во наредните месеци, објави РТС, цитирајќи го американскиот весник.