„Разговарав со (шефот на американската дипломатија) Марко Рубио, и за утрешниот телефонски разговор, рече Мерц“, се наведува во соопштение на германската влада.
„Ние (шефовите на држави и влади на Франција, Велика Британија и Германија) се сложивме повторно да разговараме со американскиот претседател за да го подготвиме тој разговор“, рече Мерц, кој денеска во Ватикан присуствуваше на инаугуративната миса на новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. Racin
Шефовите на германската и британската влада, како и францускиот претседател, сакаат да разговараат со Доналд Трамп за да го подготват разговорот што американскиот претседател ќе го води утре со Владимир Путин, во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. Kurir