Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“. Vecer
Доналд Трамп нареди распоредување на 700 маринци и 4.000 гардисти во Лос Анџелес за да се смират протестите против рациите, и покрај негодувањата и обвинувањата на гувернерот Гевин Њусом.
Протести во Лос Анџелес се одржуваат веќе шест дена и ноќеска главно биле мирни, со повремени насилства кои се ограничени на неколку улици во центарот на градот. Alfa
Генералната обвинителка Пам Бонди изјави дека администрацијата на Трамп „не се плаши да оди подалеку“ во проширувањето на своите законски овластувања за распоредување на војската во Лос Анџелес. 4news