Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „немаат ништо со нападот врз Иран“, упатувајќи предупредување до Техеран да не ја вклучува неговата земја во конфликтот.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши Претседателот (Владимир) Путин ми се јави утрово и многу учтиво ми посака среќен роденден, но уште поважно, ми се јави за да разговараме за Иран, земја која тој многу добро ја познава.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран да се согласи на нуклеарен договор „пред да не остане ништо“, сугерирајќи дека последователните израелски напади врз земјата ќе бидат „уште побрутални“.