Добивај вести на Viber Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде државјанството на земјата на митрополитот на Украинската православна црква (УПЦ), која е дел од Московската патријаршија на Руската православна црква, објави Безбедносната служба на Украина (СБУ). СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.