Рускиот претседател Владимир Путин имал „суштински“ телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон за конфликтот меѓу Иран и Израел, како и за Украина, соопшти Кремљ во вторникот – прв ваков контакт меѓу двајцата лидери од септември 2022 година, објави Ројтерс.
Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот во Украина „што е можно поскоро“ во првиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година, соопшти Елисејската претседателска палата.