Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска јавно побара оставка од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако Судот на правдата на Европската унија на 14 мај ја прогласи за одговорна поради прикривање информации за договори за набавка на вакцини.
Пред една година, во моите политички насоки, зборував за потребата Европа да изгради вистинска надворешна економска политика, но сеизмичкиот и револуционерен пресврт во глобалните економски односи во последната година ја направи таа потреба уште поакутна, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ. – Но, секоја надворешна економска политика мора да започне дома, бидејќи прво треба да ја направиме нашата сопствена економска и индустриска база посилна и поотпорна на шокови, истакна Фон дер Лајен.