Најмалку едно лице е убиено, а две други се ранети во руските напади врз четири населби во Киев во текот на ноќта, соопштија украинските локални власти, додавајќи дека пожар избувнал во градинка.
„За жал, имаме информации за едно лице убиено во нападот“, напиша на Телеграм воениот командант на Киев, Тимур Ткаченко, додавајќи дека две лица се ранети.
Едно лице загина, а две се повредени при руски ракетни напади што ја погодија украинската престолнина Киев изминатата ноќ, соопштија денеска локалните власти.
Нападите погодиле четири делови од градот, а оштетени се станбени згради, супермаркет, влез на метро-станица и основно училиште каде што избувнал и пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Nezavisen
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачките служби и медицинските лица работат на локации во четири области на главниот град погодени од рускиот напад.
„За жал, имаме информации дека едно лице почина како резултат на нападот“, Нападите започнале околу 2 часот по полноќ и траеле во наредните два часа. 360stepeni
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, изрази жалење поради, како што рече, „драстичниот пад на интересот“ на британската јавност за ситуацијата во Украина.
Средба лице в лице меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп сигурно ќе се случи, но времето сè уште не е дојдено, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се движи кон мирно решение за Украина, но главната цел на Москва е да ги постигне своите цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија во изјавата емитувана денеска за водителот Павел Зарубин.
Пожар избувна во Зеленоград, Московска област, во текот на ноќта откако Украина започна напад со беспилотно летало насочен кон рускиот главен град, објавија руските канали на Телеграм.
Руската воздушна одбрана собори најмалку 93 дронови преку ноќ додека украинските сили ја нападнаа Москва, објавија денеска официјални лица.
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон.
Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна врз кампус на училиште во главниот град Дака, . Снимките од местото на несреќата, во „Мајлстон скул енд колеџ“ во северното предградие Утара, прикажуваат огромен пожар и густ чад.
Најмалку 19 лица загинаа, а неколку други се повредени откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училишен комплекс во главниот град Дака, соопштија воени претставници и пожарникари.