Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.