Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Москва е одговорна за безбедноста на светските лидери што ќе ја посетат Русија за големите комеморации по повод Втората светска војна планирани следната недела.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата од Украина, „никој не може да гарантира дека Киев ќе го доживее 10 мај“.