Франција и ЕУ ќе ги интензивираат своите напори за привлекување во Европа научници од САД погодени од строгата политика на претседателот Доналд Трамп кон универзитетите и академската заедница, пишува „Гардијан“.
Науката останува гориво за напредок и раст за нашите општества, бидејќи без идеите и откритијата што доаѓаат од научните истражувања, напредокот порано или подоцна ќе стагнира, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на конференцијата „Одберете ја Европа на науката“ на Универзитетот Сорбона во Париз.