Британските филмски работници предупредија дека многумина во индустријата ризикуваат да ги изгубат своите работни места ако се прекине американското производство, а еден синдикат рече дека царините би можеле да бидат последниот удар во тој поглед, пишува Би-би-си. Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, денес изјави дека не се донесени конечни одлуки за новите американски царини за странски филмови, објави Си-ен-ен. Десаи рече дека иако не се донесени конечни одлуки за американските царини за странски филмови, администрацијата ги истражува сите опции за исполнување на директивата на Трамп „да го направи Холивуд повторно голем“. Nezavisen