Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ѝ се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.
Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави.
Кашмир, хималајски регион на северот на индискиот потконтинент, повеќе од седумдесет години е едно од најнестабилните жаришта во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.