Денес, 75 години по објавувањето на Шумановата декларација, Европа е повеќе од Унија, таа е наш дом и можеме да бидеме горди на неа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео порака по повод Денот на Европа – 9 мај.
Наш основен безбедносен интерес е да престанеме да го финансираме воениот фонд на Путин, а за тоа мора да престанеме да трошиме милијарди за увоз на руски енергенси, истакна Фон дер Лејен.