Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави за завршување на најсериозниот воен конфликт меѓу нуклеарно вооружените ривали во последните децении, јавија светските агенции.
Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот, објавија светските агенции, повикувајќи се на првиот министер на територијата Џаму и Кашмир, Омар Абдула.
Најмалку 13 цивили беа убиени во пакистанскиот дел од Кашмир во 12-часовна размена на оган меѓу индиските и пакистанските сили по воената акција на Исламабад против Индија во раните утрински часови, соопшти регионалната служба за вонредни ситуации.
Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта, вклучувајќи локации во близина на главниот град Исламабад.