Воените шефови на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за следните чекори откако прекинот на огнот го врати мирот на границата во услови на најжестоките борби меѓу нуклеарно вооружените соседи во речиси три децении. Libertas
Индија во среда соопшти дека започнала напади врз девет локации на „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и пакистански Кашмир, за кои Исламабад тврдеше дека се цивилни локации.
Додека Исламабад му се заблагодари на Вашингтон за олеснувањето на прекинот на огнот и ја поздрави понудата на Трамп да посредува во спорот со Индија за Кашмир, Њу Делхи не коментираше за вмешаноста на САД во прекинот на огнот или разговорите на неутрално место. Kajgana
Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави за завршување на најсериозниот воен конфликт меѓу нуклеарно вооружените ривали во последните децении, јавија светските агенции. Kanal5
„Ја цениме подготвеноста на претседателот Трамп да ги поддржи напорите за решавање на спорот со Џаму и Кашмир“, се вели во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи.
Повторувајќи го својот долгогодишен став, Пакистан соопшти дека трајното решение мора да се базира на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и правото на жителите на Кашмир за самоопределување. Kanal5