Мошне карактеристичен е молкот на германските власти во врска со ситуацијата со видеото на кое се гледаат канцеларот на Германија – Фридрих Мерц, претседателот на Франција – Емануел Макрон и премиерот на Велика Британија – Кир Стармер во возот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во програмата на каналот „Соловјов во живо“.
Додека лидерите на Франција, Германија и Велика Британија патуваа со ноќен воз до Киев за да ја поддржат Украина и да предложат прекин на огнот, Кремљ го направи она што најдобро го знае: нападна со теории на заговор и со дезинформации, кои го пробија таванот.