Шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, денеска изјави дека неговата земја, заедно со САД, работат на обезбедувањето траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан и дека моменталниот фокус е на „мерките за градење доверба“ и дијалог.
Ќе продолжиме да соработуваме со САД за да обезбедиме траен прекин на огнот, дијалог и соработка со Пакистан и Индија за тоа како да се воспостави доверба и да се спроведат мерки за градење доверба меѓу двете страни, изјави Лами во пакистанскиот главен град Исламабад, на крајот на дводневната посета на оваа земја, пренесоа британските медиуми. Denesen