Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го нагласи ставот на Турција дека треба да дојде до прекин на огнот и мировни преговори без одлагање, за да се заврши војната со Русија, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин.
Украина е во контакт со делегацијата на САД во врска со разговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна во Анкара.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека се очекува руските и украинските претставници да започнат мировни преговори одделно во Истанбул.