Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и украински војници неделно, и трговијата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да се сретнат само доколку делегациите постигнат одредени договори во преговорите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на тркалезната маса за економија, организирана во Обединетите Арапски Емирати, призна дека нема да има договор за царини со повеќето земји во светот до јулскиот рок што тој самиот го одреди.Трамп, зборувајќи за царините, рече дека „150 земји ја повикале Америка“ да разговараат на оваа тема, но дека „невозможно е да се сретнеме со сите нив“.Наместо тоа, Трамп рече дека американските трговски партнери треба да очекуваат поединечни писма од министерот за финансии Скот Бесент и министерот за трговија Хауард Лутник „во одреден момент во следните две до три недели“ „во кои ќе им кажат колку ќе плаќаат за да работат со САД“.Тој не прецизираше кои земји ќе добиваат писма со информации колку ќе платат, а кои земји сепак ќе имаат можност да преговараат.
By Jørgen Håland on Unsplash Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделник ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.