Американската тајна служба го испрашуваше Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ, откако тој сподели, а потоа избриша објава на социјалните мрежи, за која републиканците тврдат дека поттикнува насилство против американскиот претседател Доналд Трамп.
Секретарката за домашна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека Министерството за внатрешна безбедност и Тајната служба ја испитуваат објавата на социјалните медиуми од поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, која, според одредени американски претставници, се толкува како апел за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.