ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА Ѝ ДАДЕ „ТАУРУС“ НА УКРАИНА Киев веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Велика Британија и од САД Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, кој престојува во Киев, соопшти дека германската поддршка за Украина оваа година изнесува 7 милијарди евра.
Германија во моментов не разгледува испорака на ракети „Таурус“ со долг дострел, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, на Украина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.