САД му помогнаа на Израел да пресретне ирански ракети вечерва, изјавија два израелски извори за Си-Ен-Ен. Други земји во регионот, исто така, ја поддржаа израелската воздушна одбрана на сличен начин како што го правеа тоа во претходните ирански напади врз Израел, истакна изворот за Си-Ен Ен. Израелските цивили сега можат да ги напуштат своите засолништа, но треба да останат во близина, соопшти израелската команда на домашниот фронт.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран.