Русија е решена да ја тестира решителноста на НАТО алијансата, вклучително и со проширување на својата конфронтација со Западот надвор од границите на Украина.Ова, како што објавуваат странските медиуми, е предупредувањето што доаѓа од шефот на германската надворешна разузнавачка служба до новинската организација „Тејбл Медиа“.Бруно Кал, шеф на Федералната разузнавачка служба, рече дека неговата агенција има јасни разузнавачки индикации дека руските претставници веруваат оти обврските за колективна одбрана утврдени во договорот на НАТО повеќе немаат практична сила.„Сосема сме сигурни, и имаме информации што го покажуваат тоа, дека Украина е само еден чекор на патот кон Запад“, беше цитиран Кал.„Ова не значи дека очекуваме армиите со тенкови да се движат кон запад“, додаде тој.
Шефот на германската служба за надворешно разузнавање, Бруно Кал, предупреди дека Германија има „конкретни“ разузнавачки докази дека Русија планира напад врз територијата на НАТО за да ја тестира клучната клаузула во алијансата – Член 5, кој гарантира заемна одбрана.