Vecer
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, свика вонреден видео состанок за попладне со министрите на клучните министерства и раководителите на разузнавачките служби во врска со израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни цели, беше објавено од нејзиниот кабинет.Мелони, како што е наведено, „го следи развојот на кризата во Иран со најголемо внимание“ и побара проценка на безбедносната состојба и потенцијалното влијание врз Италија и регионот на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, од кого побарал од Израел да избегне понатамошно ескалирање на конфликтот со Иран, објави Анса.„Не верувам дека израелските напади се завршени“, изјави Тајани за италијанската ТВ програма Матино 5, додавајќи дека операцијата е „веројатно дел од поширока кампања“.„Изразив пријателство кон израелскиот народ, но ја нагласив потребата од прекин на огнот во Газа и повикав на воздржаност“, рече Тајани.Тој, исто така, најави контакти со министерот за надворешни работи на Иран и со својот колега од Оман, кој посредува во нуклеарните преговори.Зборувајќи за безбедноста на италијанските граѓани, Тајани потврди дека ниту еден Италијанец не бил засегнат во инцидентите во Иран или Израел, иако беа пријавени експлозии во близина на резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Техеран.„Нашата позиција е дијалог. Vecer