„Официјалниот број на жртви ќе биде објавен дури кога ќе бидат завршени ДНК анализите“, изјави индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах, објави телевизиската станица Bfm.
На местото на падот на авионот на Ер Индија во Ахмедабад е пронајдена црна кутија, потврди индискиот министер за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду Кинџарапу, пишува Би-Би-Си. Министерот истакна дека откривањето на црната кутија претставува „важен чекор во истрагата“ и дека значително ќе придонесе за разјаснување на причината за несреќата. A1on
Друга можност што ја споменуваат индиските пилоти се судирите со птици, кои можат сериозно да ги оштетат моторите ако птиците се вовлечат во нив.
Ахмедабад е познат по својата голема популација на птици во близина на аеродромите. Tocka