Нивните имиња беа објавени од иранската државна телевизија, но не беше прецизирано каде загинале.
Потврдата доаѓа откако Иран веќе ја призна смртта на неколку клучни воени и политички личности во истите напади, вклучувајќи ги: – Генерал Хосеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ); – Генерал Мохамад Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили; – Генерал Голам Али Рашид, командант на штабот Хатам-ал Анбија; – Генерал Амир Али Хаџизаде, началник на воздухопловниот оддел на ИРГЦ; – Али Шамхани, поранешен секретар на Врховниот совет за национална безбедност и советник на Врховниот лидер. Zoom