Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат врз двајца политичари од Минесота е идентификуван како Венс Боелтер, потврдија за CNN двајца службеници за спроведување на законот запознаени со случајот.
Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати.