Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до голем број европски земји до 23 јуни поради тековниот конфликт со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
Засегнатите дестинации се: Берлин, Тбилиси, Барселона, Батуми, Варшава, Родос, Минхен, Тиват, Лисабон, Токио, Краков, Венеција, Солун, Марсеј, Крит, Кефалонија, Санторини, Кишињев, Белград, Тирана, Порто, Миконос, Лефкада и Москва. Kurir