Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него.
Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори.
Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.