Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека се спротивставува на понатамошни напади во израелско-иранскиот конфликт и оти се залага за дипломатско решение, пренесоа светските медиуми.„Секоја дополнителна воена интервенција би можела да има огромни последици, не само за вклучените страни, туку и за целиот регион, како и за меѓународниот мир и безбедност во целина“, рече Гутереш во Њујорк.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и предупреди дека е против какви било „дополнителни воени интервенции“ на Блискиот Исток.