Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи, ги префрлил клучните овластувања на Врховниот совет на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), дознава „Иран интернешнл“, по неговото петдневно отсуство од јавноста.
Вонредната одлука доаѓа откако се појавија извештаи дека Хамнеи бил преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточно од Техеран, со членови на неговото најблиско семејство, вклучувајќи го и неговиот син Моџтаба. Denesen